Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Безглутенска чоколадна торта со кокосово брашно

Пренеси го гласот

Потребни состојки:

– 250 грама кокосово брашно

– 250 грама чоколадо за готвење

– 250 грама путер

– 200 грама кафен шеќер

– 6 јајца

– 1/2 лажичка сода бикарбона

– 30 грама какао во прав

– 200 грама млечно чоколадо

bregalnickimarketing

– 750 милилитри слатка павлака

– Кокос во прав

Најпрво изрендајте го чоколадото за готвење толку ситно, што ќе изгледа исто како кокосовото брашно и измешајте ги заедно. Потоа загрејте го путерот, сипете го во друг сад, па ставете му шеќер, добро измешајте и едно по едно, додавајте ги и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса, додајте ги и какаото и сода бикарбоната. Повторно измешајте.

На крај спојте ги смесата со кокосовото брашно и онаа со путерот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во поголема тава. Сипете ја смесата во неа и печете околу 40-тина минути.

Додека чекате кората да се олади, направете ја глазурата така што на тивок оган ќе ја стопите млечната чоколада заедно со слатката павлака. Прелијте ја глазурата на оладената кора, притоа внимавајќи да не се слее по краевите и просејте кокос во прав над неа.

Оставете ја тортата да отстои во фрижидер за добро да се зацврсти.

Креирано од:


Пренеси го гласот