Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Ана Љубиќ: ГРЕВ НА ДУША (На македонските херои што загинаа на 9-ти Мај во Куманово)

Пренеси го гласот

Таа белина

Толку чиста,

Сега беше извалкана

Од неговиот грев.

Грев за кој ПРОСТИ

Не постои.

Крв и плач насекаде.

Таа белина

Некогаш толку чиста

За час стана нечиста.

Црна …

Крв и плач насекаде.

Момински солзи

Мајчински клетви.

Каде и зошто .

Кој се сокри зад белата чистина

bregalnickimarketing

И ја извалка со грев.

Грев во своите души

Нека тежат.

Нека тежат толку многу

Како тагата на една мајка

По свое чедо.

Носете си го гревот

На душа

На валканите крвави раце.

Вие бедни проклетници

Кои најмилото ни го зедовте.

 Посветена на загинатите херои во Куманово на 9мај

Пишува: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот