БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Флукс со нов видео запис за песната “Се околу нас”

Пренеси го гласот

Се чини дека овие времиња (впрочем како и сите други во Македонија) се совршени за инспирација на андерграунд културата да блесне со сиот свој сјај!

Флукс се еден од најзначајните бендови кои што Скопската и Македонската андерграунд култура го имале во своето постоење…

Можеби немаат кој знае колку изданија зад себе, но нивниот култен статус произлегува од вредностите кои оваа уметничка и културолошка банда другари ја носи со себе.

Приказна по приказна, секој ден на скопскиот асфалт, овие момци создадоа а судејќи по последниот нивен албум и по овој видео запис се уште создаваат реалност која ќе “тежи” во времето многу после нас.

Видеото е направено беспрекорно и доловена е музиката на оваа урбана андерграунд приказна која во себе ја носи самата песна.

bregalnickimarketing

Преслушајте… Веруваме нема да останете рамнодушни на ударот добиен под пазувите на целово ова наше испревртено општество.

Креирано од:


Пренеси го гласот